(Видео)ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО СОБРАНИЕТО: Опозицијата ќе поднесе предлог за гласање недоверба и ќе бара гаранции за поддршка на реформските закони!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прв чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поднесување на предлог за изгласување на недоверба на Владата предводена од СДСМ, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на состанокот на Централниот комитет на партијата

 

Како што информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, опозициските пратеници ќе се вратат во собраниските клупи и прв предлог кој ќе го поднесат ќе биде изгласување на недоверба на владата предводена од Зоран Заев.

Тој објасни и дека привршуваат преговорите со пратеничката група на владеачкото мнозинство, за поддршка на реформските закони кои ќе бидат предложени од страна на владатаво рамки на процесот 3-6-9 како и препораките на Прибе, но не без гаранции од владеачкото мнозинство бидејќи како што истакнува Мицкоски „знаеме со кого си имаме работа“.

Лидерот на опозицијата додаде дека поради исполнување на „најголемиот дел од математичките препреки“, во смисла на ослободување на пратениците кои беа неправедно притворени, биле клучен дел во донесувањето на одлуката за враќањето во Собрание.

Мицкоски уверува дека пратеничката група е единствена во ставовите.

 

 

Репортер
Борислав Стоилковиќ

26 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This