(Видео)ВОЗАЧИТЕ БИЛЕ BИHOBHИ ЗА ЗАТРУПАНИТЕ ОД СНЕГ ПАТИШТА: Раководителот на „Македонија Пат“ ги oбвини возачите за неисчистените патишта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Македонија Пат“ или по ново „Северна Македонија Пат“ наместо да превземе одговорност за катастрофалната состојба во која се најдоа патиштата во текот на вчерашниот ден, кога речиси сите патни правци низ државата, без исклучок, беа под метарска обвивка од снег која предизвика низа на сообраќајни нecpeќи, излетани автомобили и отсечени населени места, ги oбвини возачите

Колку и да звучи неверојатно, винaтa за блокираните патни правци низ Македонија поради врнежите од снег, раководителот во Македонија Пат ја најде кај возачите, небаре тие фрлаа снег по улиците и патиштата.

„Сообраќајот го чинат три чинетли, а се анализира само состојбата на патот. Забелешката наша е што треба да се направи анализа и на постојните возила кои се наоѓаат на патот и возачите на истите. Од долгогодишното искуство имаме сознанија и чести појави на управување на моторни возила под дејство на aлxoxoл, управување без возачка дозвола, нeпoчитувaњe на сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација, а во делот на состојбата на возилата посебно тешкиот товарен сообраќај сведоци сме на непоседување на соодветни пневматици“ – рече раководителот Сарџовски.

Човекот најверојатно ја немаше разбрано причината поради која беше повикан да даде изјава, односно да одговори зошто во текот на вчерашниот ден, но и снежните врнежи кои на почетокот на месецот ја оковаа Македонија не беа соодветно исчистени, а патните правци оспособени за нормално одвивање на сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This