(Видео)ВОЈНАТА И ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА: Иран лансираше 30 ракети врз американска база во Ирак, се очекува одговор од САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ветената одмазда за ликвидацијата на иранскиот генерал на исламската гарда Касам Сулејмани, вечерва започна, откако Иран истрела преку 30 балистички ракети од своја територија врз американска база во Ирак


Видео снимки кои ги објави иранската национална агенција ФАРС се појавија на интернет, а во објаснувањето стои дека се работи за 30 балистички ракети чија мета е американската воена база Ајн ал-Асад во Ирак.

„Одмаздата започнува / Армија на балистички ракети врз базата на САД (Ајн ал-Асад)“ – стои во текстот на новинската агенција ФАРС која ги објави снимките.

Засега нема официјални податоци за сериозноста на нападот, ниту пак за евентуални жртви на американска страна, иако „Ројтерс“ пренесува цитати од анонимни извори во американската армија кои потврдуваат дека се работи за ирански напад.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена потсети дека доколку Иран ги исполни заканите, САД имаат 52 витални мети низ Иран кои ќе бидат експресно елиминирани.

Минатата недела, САД изврши ликвидација на генералот на исламската гарда на Иран Касам Сулејмани, а неколку дена подоцна и врз други високи воени претставници на паравоени структури во Ирак кои беа под чадорот на Иран.

По ликвидацијата, Иран се закани со „силна одмазда“ врз САД.

ПЕНТАГОН ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ: Најмалку шест ракети погодиле објекти во американската база, се подготвува соодветен одговор

ВТОР НАПАД ОД ИРАН: Втор бран ракети истрелани кон објекти на САД во Ирак

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This