(Видео)ВО УНГАРИЈА СЕ ИЗУЧУВА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: На Универзитетот ЕЛТЕ има огромен интерес за изучување на македонскиот јазик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во унгарската престолнина на Универзитетот ЕЛТЕ во рамките на Институтот за славистика и балтичка филологија функционира и Лекторатот по македонски јазик.

Во рамките на културната програма се одржуваат повеќе промоции и гостувања меѓу кои она на писателката Лидија Димковска, писателката Румена Бужаровска, беше одржана и промоција на романот Резервен живот, настани во кои се вклучени и самите унгарски студенти по македонски јазик.

Така, минатата година тие подготвија поетски омаж во чест на Игор Исаковски со негова поезија посветена на Будимпешта во превод на унгарски јазик од страна на самите студенти.

Ова се само дел од активностите за промоција на македонскиот јазик, литература и култура на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта кои ги организира лекторот Златко Панзов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This