(Видео)ВО 21-ВЕК САМО ВО ТЕТОВО: Освен отровот кој го дишат тетовчани, отсега имаат и фонтани со измет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По само двонеделното повторно стапување на функцијата Градоначалник на град Тетово, старо-новата градоначалничка Теута Арифи и покрај многуте ветувања за подобрувања на животот на Тетовчани, го доведе градот во очајна состојба.

Тетовчани редовно реагираат на социјалните мрежи по повод недомаќинското работење на градоначалничката. Овојпат беше објавено скандалозно видео од каналлизација од која извира фекална вода.


Низ Тетово можат да се видат превртени контејнери преполни со ѓубре, кои можат да бидат опасни по здравјето и да предизвикаат ширење на заразни болести и кај луѓето и кај животните во градот.

Граѓаните реагираат на социјалните мрежи потсмевајќи се на паролата „За живот“ која СДСМ ја користеа пред изборните кампањи. Тие велат дека дојде животот во Тетово и Скопје како водечки градови по загаденост во Европа.

Општина Тетово во неколку наврати беше оставена и без вода за пиење и лична хигиена, а граѓаните се снаоѓаа без помош од градоначалничката. Теута Арифи во 2016 година вети дека Тетово од 2017 година ќе има чиста вода за пиење, но Тетовчани цела година беа со недостиг на пивка вода, која кога во оние ретки моменти кога ја имаше, беше загадена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This