(ВИДЕО)ВРИЕ ВО МВР: Министерот Нухиу бара разрешување на Чавков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нухиу информира дека е формирана работна група составена од професионалци во МВР која има задача да утврди дали Оперативниот штаб и организациските единици на МВР постапувале согласно утврдените процедури во текот на инцидентите во Собраниетоnuhiu-press-za-Sobranie

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу бара разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Ваквиот чекор следува по инцидентите во Собранието што се случија минатиот четврток, во кои беа повредени повеќе лица, меѓу кои и пратеници.

– Сакам да информирам дека до Владата на РМ поднесов предлог за разрешување на Митко Чавков од функцијата директор на БЈБ. Со писмена наредба назначив нов координатор на Оперативниот штаб, Горанчо Савовски, државен советник во БЈБ. На крајот уште еднаш сакам да ги повикам и да ги охрабрам вработените во МВР – сите да бидат еден покрај друг и професионално да продолжат да си ја вршат работата – рече Нухиу на денешната прес-конференција.

Тој информира дека е формирана работна група составена од професионалци во МВР која има задача да утврди дали Оперативниот штаб и организациските единици на МВР постапувале согласно утврдените процедури во текот на инцидентите во Собранието. Заклучоците од извештајот на работната група, рече министерот, ќе бидат дел од известувањето што ќе му го предаде на Јавното обвинителство за понатамошно постапување.

Видеото е преземено од А1Он

– Дел од структурите на МВР ѝ предизвикаа голема штета на нашата држава и на демократските вредности. Тоа што се случи во четвртокот во Собранието беше големо зло. За да ја поправиме оваа штета, ќе биде потребно долго време и ангажман не само од сите служби на МВР туку и од другите институции, како ЈО и судовите – рече Нухиу.

Тој ги повика сите вработени во МВР да се вклучат активно и да доставуваат службени материјали за настаните во Собранието.

– Враќање назад нема. Работите мора да се расчистат докрај и секој ќе одговара за своите постапки – истакна Нухиу.

nuhiu

Тој потенцира дека минатиот четврток големо значење имале и медиумите. Тој им изрази благодарност на новинарите и изрази надеж дека со нивното професионално известување ќе продолжат да го даваат својот придонес за демократијата во државата.

Еден ден по инцидентите во Собранието, Чавков рече дека полицијата немала никакви сознанија, ниту најави за насилни инциденти.

– Полицијата ги обезбедуваше граѓанските протести како и секој ден во изминатите два месеца. Оперативниот штаб формиран уште од почетокот на протестите досега немаше регистрирано ниту еден, ќе повторам, ниту еден инцидент, за сите 60 дена. Не постоеја никакви дојави дека во текот на вчерашниот ден ќе се случи некаков инцидент. Затоа полицијата стандардно, по веќе поставениот план, со истиот број полициски службеници го обезбедуваше Собранието – рече Чавков.

33 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This