March 28, 2024, 12:33 pm

(Видео)ГОЛЕМ АНТИВЛАДИН ПРОТЕСТ НА 2-РИ ЈУНИ:Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук го најави антивладиниот протест кој по неколкумесечно најавување, лидерот на партијата Хрстијан Мицкоски го закажа за 2 јуни во 20 часот. Во најавата, стои дека власта ги враќала изборните долгови на штета на граѓаните.

– Реформите каскаат. Република Македонија оди во непосакуван правец. Остатоците од транзицијата со последни сили сакаат да ја остават државата во мрачниот период на минатиот век. Картелот сака да ја одржи ситуацијата на заробена држава и нефункционални институции, кои ги креираа за да ги штитат од санкцијата до која неминовно мора да дојде“, пишува во најавата за протестот.

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ги повика сите разочарани од премиерот на протестот пред Владата.

– Ги распродаваат националните и државни интереси како да се во приватна сопственост на картелот Заеви. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, стои во најавата.

Голем антивладин протест, 02.06.2018 во 20 часот, пред Влада на Р.М.

Голем антивладин протест, 02.06.2018 во 20 часот, пред Влада на Р.М.Новото утро се раѓа, новото утре кое ќе донесе нова надеж за Македонија и за граѓаните на Република Македонија!

Posted by ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО on Wednesday, May 16, 2018

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This