(Видео)ГРУБИ ПОТВРДИ:Крајната цел на Тиранската платформа е промена на името-ова Собрание можело да го “заокружи случајот со името“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби во дебатна емисија изјави дека  на сите им било јасно дека без промена на името не можело да се направи прав исчекор кон ЕИ и НАТО, нагласувајќи дека овие резултати во Собранието можеле да овозможат решение и да се заокружел случајот со името.

-Сите ние што сме тука знаеме и не само ние, туку и Вашингтон и Брисел дека ако Македонија не го смени името во согласнот со барањата на Атина, не може да направи прав чекор кон НАТО и ЕУ. Името не може да го промени ниту ДУИ, ниту БЕСА, ниту пак ВМРО сами или пак СДСМ сами. За името треба сите заедно да постигнеме консензус и можеби ова е една многу добра можност и ако се има добра волја, овие резултати во Сoбранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името, рече Груби.

Со ова практично се потврдуваат ставовите на експертите дека слабеење на државата со цел промена на името е главната цел на операцијата за промена на власта.  Станува збор за една поопширна операција чие сценарио почна со стекнувањето на Заев со илегално снимани и креирани материјали, потоа продолжи со обид за изборен и постизборен инжинеринг, па со игнорирање на волјата на мнозинството Македонци дадена на слободните парламентарни избори.

Следуваше креирање на албанската платформа од Еди Рама чија цел е редефинирање на државата и инсталирање на „тиранска влада“ со клучно соросово влијание, за да на крај се промени името на Македонија.

Точката 5 во тиранската платформа предвидува решавање на спорот за името во согласност со европските вредности, што е само параван за формулацијата дека Македонија ќе мора да го смени уставното име и идентитетот.

Во истата точка се предвидува Македонија да донесе резолуција дека е подготвена да го смени името а во целиот процес за договор по желба на Грција да бидат вклучени и етничките Албанци, што според експертите не е ништо друго освен притисок за слабеење на македонските позиции во спорот со јужниот сосед.

Од друга страна, Тиранската платформа на албанскиот премиер Еди Рама започнува да се остварува со избор на претседател на Собрание кој ќе биде Албанец.

Албанскиот медиум „Индекс онлајн“ пренесува дека за прв пат во Македонија претседателот на Собранието ќе биде Албанец и ќе биде од редовите на ДУИ.

Ова го потврди шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби,кој појасни дека овој договор е постигнат во четвртокот помеѓу идните коалициони партнери,ДУИ и СДСМ, за формирање на институциите во Македонија.

akt236-rama-zaev-ali-platforma-1-1-640x480

Албанските медиуми пишуваат дека од различни извори се дознава дека идниот претседател на Парламентот ќе биде Талат Џафери.

Иако првично било договорено Оливер Спасовски да биде претседател на Собранието, па после функцијата да ја преземе кадар на ДУИ, но сепак работите се смениле откако настанало незадоволство во редовите на дуи и Ахмети ја довел во прашање целата коалиција.

Со поставувањето на Албанец на чело на Собранието, започнува да се реализира Тиранската палтформа, која според експертската јавност е неуставна и е вовед во федерализација на Македонија.

 

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This