(Видео)ДЕДОТО ОД ТЕТОВО ШТО ГО ОСВОИ ИНТЕРНЕТ:Јас вода не пијам, само ракија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дедото од Тетово, кој даде најдобар одговор пред камера деновиве го освои интернетот.

На прашањето дали пиете вода, тој одговара: „ја ракија пијам, не пијам вода“, и второто прашање каква е водата им одговара со „матна веројатно“…

Видеото имаше повеќе од 20.000 прегледи.
Болно грло, забоболка, мамурлак – 5 работи што се лекуваат со ракија

Ракијата е најпознатиот алкохол во нашиот регион. Покрај тоа што ракијата е „лек“ за лошо расположение и нечисти прозорци (а според некои и за скршено срце), таа има и ред други позитивни својства:

1. Лек за болно грло

Има повеќе варијанти на лекување на болно грло со ракија, но најпопуларниот е со консумирање на прегорен шеќер или мед и залевање на смесата со ракија.

Бактериите во вашето грло прво ќе се загреат, а потоа ќе се „намамат“ со прегорениот шеќер или медот, за на крај ракијата да ги убие поголемиот дел од нив и така да ја намали болката во грлото.

Уште еден начин е да се натопи крпа со ракија и да се завитка околу болното грло и така да се преспие вечерта. Ова е многу подобро од шмукање ментол бонбони.

2. Лек за забоболка

Правење гаргара со ракија наместо со средство за плакнење уста, може да ги намали болките во забите или да помогне со чиреви во устата или џебови на непцата. Битно е само алкохолот потоа да се плукне, а не да се голта.

Ова не значи дека проблемот ќе се реши, но ќе се намали болката и ќе се дезинфицираат отворените рани во устата.

3. Лек за инфицирани рани

Како што знаеме, секој чист алкохол има одлично дезинфекциско својство, а ракијата има прилично висок процент на алкохол (над 40%) и има одлични антивоспалителни својства кои се добри за третирање на рани и инфекции на кожата.

Само треба проблематичното место да се натапка со газа натопена со ракија, што е многу подобро отколку да го измиете местото со вода.

4. Лек за грип

Има неколку начини за лекување на грип и настинка со ракија. Може да се користи како средство за масажа, со цел да се намалат болките во мускулите или може да се користи како облоги кои се нанесуваат на телото за да се симне температурата.

5. Лек за мамурлак

Можеби звучи неверојатно, особено со оглед на фактот дека токму ракијата е најчестата причина за мамурлак, но само продолжете утрото да ја пиете и ќе заборавите дека сте биле мамурни и повторно ќе бидете во таа убава расположена состојба од претходната вечер.

Можеби последново и не е некој лек, но сепак сите сме свесни дека ракијата е најчестиот „еликсир“ употребуван од нашите баби и дедовци.

Ракијата ја подобрува циркулацијата, па штом ќе ја нанесете на темето, ќе почувствувате пецкање и топлина. Постапката е многу едноставна, а сигурно ја знае и вашата баба, бидејќи овој рецепт за бујна коса потекнува токму од бабите.

Земете малку ракија и нанесете ја директно на кожата на главата. Потоа со прстите масирајте со кружни движења, така што ќе се распореди по целата глава. Потоа наведнете ја главата и продолжете да масирате уште неколку минути. Набрзо ќе почувствувате топлина и пецкање, но тоа не треба да ве загрижува.

Ракијата е моќно средство за чистење на кожата, токму она што им е неопходно на модерните девојки. Поради секојдневното користење серуми, ампули, балсами, хемиски препратари пени и сл. кои се задржуваат и по миењето, порите на кожата на главата се затвораат, што директно влијае на квалитетот и растот на косата, а често и го засилува опаѓањето. Затоа од време на време кожата на главата треба да се чисти темелно, а ракијата е најевтиното и најздраво решение.

За да не ја оштетите косата, ракија не се нанесува на целата коса, туку само на темето на главата. Старите на овој начин лекувале првут.

Не не ние на ракија сме

Не се пие вода во Тетово .. Кредит : Seir

Posted by Промаја on Wednesday, November 7, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This