(Видео)ДЕЛИРИУМ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА НА ХЕРОИТЕ: Погледнете како славеа победниците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Знаете како влегуваат ХЕРОИТЕ на прес – конференција?! Сите заедно во оро, и со песна „Бисер Балкански“. Го предводи капитенот Бобан Николов, а потоа се редат СИТЕ! Аврамовски, Барди, Алексоски, Зајков, Давид Бабунски, Демири, Бејтулаи…Значи, СИТЕ!
img_8864-615x400
Токму затоа се овие специфични момци, и сите заедно се ГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ.

Капитенот, секако, прв има збор, тука се почитува редот.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои дојдоа да не поддржат, толку публика навистина немаме видено. Го дадовме својот максимум и Господ не награди, а и во Полска ќе одиме да покажеме која е Македонија! Денеска е 11 Октомври, голем македонски празник, и мислам дека им го честитавме на сите на најубав можен начин. Дури и на „душегрижниците“, кои не веруваа во нас. Ветувам во името на сите, дека и на Европското првенство во Полска на секој меч ќе одиме на победа“, изјави Бобан Николов пред сите свои соиграчи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This