(Видео)ДЕМОКРАТИЈАТА ВО „ЕВРОПСКА“ ХРВАТСКА: Пратеникот Иван Пернар со обезбедување изваден од седница на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во понеделникот обезбедувањето во хрватското Собрание морало да реагира и да го изнесе од салата пратеникот од партијата „Жив ѕид“, Иван Пернар, бидејќи не сакал самиот да ја напушти седницата, откако претседателот на Собранието Синиша Хајдаш Дончиќ го побарал тоа.

Откако добил две предупредувања поради довикување од место и се оглуши на барањето на спикерот да ја напушти седницата, Пернар остана на своето место и побара спикерот да го повлече своето предупредување.

По петминутната пауза, мораше да интервенира собраниското обезбедување и Пернар беше физички изнесен од седницата.

https://www.youtube.com/watch?v=39xcNK0W8J8

„Ова е диктатура, ова е начинот на кој Јандроковиќ ги води седниците, ова е начинот на кој се спречува секоја расправа. Ако мислите дека сум кукла на конци, дека ќе го зборувам она што нивните фини уши сакаат да го слушнат, ‚грдо’ се лажат“, напиша пратеникот Иван Пернар и го објави видеото од неговото изнесување од седницата и неговото обраќање после овој настан.

https://www.facebook.com/pernari/videos/2104951823163923/

Хрватскиот пратеник Иван Пернар беше гостин во студиото на „Инфомакс.мк“ минатиот месец, каде што зборуваше за лагите кои им биле кажани за влезот во ЕУ, и како што вели „бејките“ за НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This