(Видео)ДЕМОЛИРАНИОТ АВТОМОБИЛ КАКО ПОЛИТИЧКИ ПОРАКА: Портпаролот на ГРОМ со изјава за „Инфомакс“ по демолирањето на неговиот автомобил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на денешниот ден е демолиран автомобилот на портпаролот на ГРОМ и советник во Градот Скопје, Александар Трајановски. Притисоците врз јавните чинители и граѓаните се огромни во очи на утрешниот референдум за промена на името.

Имено Трајановски изминативе недели и месеци зема активно учество во кампањата за бојкот на референдумот, а меѓу другото организираше и трибина во Град Скопје на која присуствуваше хрватскиот пратеник од партијата Жив Ѕид кој даде поддршка за Македонија и непромената на уставното име.

Лидерот на ГРОМ Стевчко Јакимовски беше еден од првите политичари кои отворено и јавно повикаа на бојкот, а ваквата одлука беше прифатена од целата партија.

Откако Јакимовски јавно повика на апстиненција на референдумот, Обвинителството веднаш започна со притисоци и упати низа на кривични пријави против него. Очигледно е дека власта во тотална паника пред утрешниот ден и не бира средства и начин на кој ќе се справи со почитичките неистомисленици.

Трајановски за камерата на „Инфомакс“ потврди дека ова го смета за политички притисок, имајќи во предвид дека тој нема причина да се сомнева во некој конкретно затоа што со никој досега не се замерил.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This