April 26, 2024, 12:16 pm

(Видео)Додека Македонија стагнира, спектакуларни снимки од изградбата на автопат во Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен во Македонија, Западен Балкан на големо инфраструктурно се поврзува со нови железнички и патни траси.

Автопатот Бар-Бољаре ќе го поврзува Црногорското приморје, Подгорица и северот на Црна Гора. Кога ќе биде изграден ќе ја поврзува Црна Гора со цела Србија, преку автопатот Белград-Бољаре, чии делови се завршени, а некои делници се во план да бидат изградени. Како изгледа изградбата на автопатот се гледа од снимките од дрон кои се објавени на социјалните мрежи.

Автопатот низ Црна Гора ќе биде граден во четири фази, според официјалните информации. Првата фаза е делницата Смоковац-Матешево, средишниот дел на автопатот кој ја поврзува Подгорица и северот на Црна Гора.

Втората фаза е делницата Матешево-Андријевац и обиколницата околу Подгорица, третата е Андријевица-Бољаре, а четвртата Подгорица – Бар.

Делницата од Смоковац до Матешево е долга 41 километар и би требало да биде завршена во ноември оваа година.

На 63 метри надморска висина кај Смоковац, автопатот во Матешево доаѓа на преку 1.100 метри, што говори за комплексноста на проектот, пишува Инвеститор.ме.

Проектираната брзина на оваа делница на автопатот е 100 километри на час, а времето на патување помеѓу Подгорица и Колашин се скратува од еден час на само 25 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This