(Видео+Документи) „TEШКИ МУАБETИ“: „ТЕ-ТО“ гyбeлo 200 илјади евра пopади монопoлcки договop со фирма на Koчо Анѓyшeв – лaжeн cтeчaj, пepeње пари и руска олигapxија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашното издание на „Тешки муабети“ на Инфомакс гостуваше Ивица Стојановски акционер во „Топлификација“ кој е еден од 2700-те акционери оштетени од страна на „ТЕ-ТО“ за сума од околу 30 милиони евра.

Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје е претпријатие чија основна дејност е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус.

-ТЕ-ТО е когенеративна централа која е проект на Топлификација, на директорот Хаџи Мишев за кој многу акционери се врзуваат меѓу кои што сум и јас. Сме купувале акции дури сме продавале од друго место акции за да вложиме во вака успешен проект. Тоа е проект, Македонија држава каква што е вложила во ваква една централа 20 години пред Словенците, Хрватите, во регионот е меѓу првите. Тек сега тие градат за дупло повеќе пари. Тоа е фантастичен проект и фирмата е фантастично успешна, но за да не си ги плати своите обврски влегува во криминал со што нас ни отпишува милионски долг, вели Стојановски.

Стојановски обвинува дека во криминалот во ТЕ-ТО се вмешани политичари, полиција, правосудство се до највисокиот државен врв меѓу и лично премиерот Зоран Заев кој одобрува државна помош за една од најуспешните фирми во Македонија.

-Секоја мафија мора да има политичар, мора да има судии, мора да има полиција, професори. Во нашиов случај не да има политичар туку има Влада на чело со премиер. Значи има цел суд, на чело со судии, апелација, претседател на судски совет, значи ова е криминал пар екселанс кој никако да го разврземе и згора на тоа Владата дава државна помош на најуспешната фирма во Македонија, додава тој.

Единствена државна институија која имала доблест да се спротивстави на криминалот е Државната комисија за спречување корупција и претседателката Билјана Ивановска која даде мислење дека со одобрувањето на државна помош од 15 милиони евра за „ТЕ-ТО“ Владата и Зоран Заев прекршиле три закони со што сториле класичен криминал

-Една државна институција конечно се осмели да се спротивстави на овој криминал се работи за ДКСК. И јас морам да ја пофалам претседателката која што лично работеше на овој случај. Две жени нас не разбраа и двете изреагираа, едната е Билјана Ивановска која на 27 сега пред 5 дена објави дека ова е криминал дека Владата погрешила и прекршила три закони, Закон за стечај, Закон за државна помош и Закон за даноци. Значи ова е криминал. Премиерот Зоран Заев тој е потписник на државната помош, вели тој.

Долгот на „ТЕ-ТО“ кон акционерите на „Топлификација е избришан со криминал, а фирмата оди во стечај иако е една од најуспешните фирми во Македонија.

-Ние како акционери на Топлификација три години сме ограбени за нашите акции, односно нашите акции во компанијата ни се избришани поради поднесувањето на стечај. Поднесувањето на стечај од истата фирма која што ја има најголемата добивка во Македонија и која што во последните години е една од најуспешните фирми, посолува Стојановски.

Компанијата ТЕ-ТО е во мнозинска сопственост на руски олигарх, Александар Леонид Лебедев, а во негова сопственост е и БЕГ, што значи дека Лебедев има монопол во производството и дистрибуцијата на топлниска енергија во Скопје.

-ТЕ-ТО е во 89 проценти сопственост на кипарски оф-шор во сопственост на Александар Леонид Лебедев и БЕГ е исто 100 проценти во сопственост на Лебедев, додаде тој.

Стојановски ја потенцира кривичната пријава на Финансиската полиција за „ТЕ-ТО“ во која се обвинува за лажен стечај и перење пари.

-Кога се случува овој криминал во ТЕ-ТО поднесуваме кривична пријава во ОЈО во исто време бидејќи криминалот го пријавуваме во Финансиската полиција, тоа е многу ретко во име на приватна компанија, акционерско друштво тоа е „Топлификација“ поднесува кривична пријава во име на Топлификација за лажен стечај и перење на пари, истакна тој.

Врховниот суд пресудува во корист на акционерите на „Тополификација“ со што тие треба да ја добијат назад позајмицата од 22 милиони евра како и камата од околу 8 милиони евра. Веднаш по оваа пресуда „ТЕ-ТО“ си поднесува стечај само на себе по што ги отпишува долговите кон акционерите на „Топлификација“ и поднесува план за реорганизација според кој претпријатието работело со загуба поради тоа што било обврзано да купува гас од единствен добавувач и да продава струја на единствен купувач. Фирмата на која „ТЕ-ТО“ морала да ја продава струјата е ЕДС во тогашната сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, тврди Стојановски. Поради зделката со Анѓушев „ТЕ-ТО“ месечно губи 200 илјади евра.

-Бидејќи ние водиме спop со ТЕ-ТО бидејќи компанијата ни должи пари кои што треба да ни ги врати тоа се заемите од 22 милиони евра и кога ни конечно го добиваме на Врховен суд на 27 декември, мислиме дека конечно ќе си ги вратиме парите, добиваме пресуда со вкупен износ од преку 30 милиони евра за позајмицата на „Топлификација“ на ТЕ-ТО. Веднаш после пресудата „ТЕ-ТО“ си поднесува стечај само на себе не знам дали постои во европската практика да си поднесе стечај само на себе со цел да го избегне плаќањето на овој долг кон „Топлификација“. Во тој стечај кој го поднесуваат кој трае еден ден е поднесен и план за реорганизација и во планот за реорганизација на страна 8 и страна 10 пишува дека сакајќи да се извадат зошто претходно правеле загуби кажуваат дека ТЕ-ТО било условен од надворешна фирма посредник, а не од единствениот можен добавувач на гас на граница, тоа е ГАЗПРОМ. И потоа производот кој го произведуваат, а бидејќи е централа производот е електрична енергија и истиот мора да го продава на дефиниран домашен купувач, а тој да ја продава струјата на берза на дефиниран надворешен купувач. Во планот не пишува кој е дефинираниот купувач на струја, но постојат докази дека фирмата која имала монопол при откупот на струја од ТЕ-ТО била ЕДС во сопственик на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. На страна 10 пишува дека поради таквото користење на дефинирани посредници тие губеле 300 илјади евра поради набавката на гас и 200 илјади евра од продажбата на струја. Значи практично 500 илјади евра месечно ТЕ-ТО трпело загуби поради тие монополски договори. Ова е класичен случај на перење на пари, изнесување на парите од Македонија и оштетување на акционери, потенцира Стојановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This