April 20, 2024, 11:10 am

(Видео)ДОСТА Е!: Христијан Мицкоски од Прилеп испрати моќни пораки, повика на масовност на 2. јуни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета и средба со граѓани во Прилеп.

Мицкоски пред прилепчани истакна дека владеењето на Зоран Заев е исполнето со нереални ветувања и шарени лаги.

-Лажеа во предизборната кампања, лажеа дека ќе донесат 500 евра просечна плата, лажеа дека на докторите специјалисти ќе им донесат 100.000 денари просечна плата. Ветуваа поголеми субвенции за земјоделците, ветуваа подобар стандард за младите луѓе, ветуваа поголеми пензии за пензионерите и што ли уште не. Какви ли уште не шарени лаги ветуваа во предизборието во декември 2016 година, но еве се гледа дека ништо не исполнија, истакна Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на владиното одбележување на една година влада, при што истакна дека лицемерно е што целата влада се наредила пред споменикот на ослободителите, бидејќи има разлика помеѓу партизаните кои ја ослободуваа државата, и владата кои ја разграбуваат земјата.

-Ги видовме луѓето од Владата денес поредени пред споменикот посветен на партизаните. Слика која во себе има многу спротивности. Горе ги имаме оние кои се бореле за Македонија и својот влог го потврдиле со своите животи, партизаните чие дело и денес се слави, а доле под нив ги имаме оние кои ја разградуваат и уништуваат Македонија, оние кои на дневна основа продаваат и распродаваат, тоа е владата на Зоран Заев, подвлече Мицкоски.

Тој посочи дека владата на Заев нема прогрес во ниту една област.

-Говореа за некакви промени, а единствените промени во Македонија се оние кој потврдуваат дека се оди кон полошо, говорат за некакво ослободено судство, а единственото што се ослободи е Зоран Заев од случај каде јасно се гледа што прави и што бара, потоа предвидувајќи и диригирајќи пресуди, говореа за инвестиции, а досега една лопата не фрлија, говорат за живот, а она што обичниот човек го чувствува е само чемер и јад, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика што помасовно да се излезе на 2 јуни, кога ќе почне почетокот на крајот на оваа ненародна власт.

– Кога невистината и лагата ќе ви ги претставуваат како вистина, кога поразот и капитулацијата ќе се обидат да ви ги прикажат како победа. Како недостоинственото нешто ќе се обидат да ви го претстават како заштита на националните обележја. Тоа не смееме да им го дозволиме, не смееме да поверуваме во оваа колективна депресија што ќе ја шират и во оваа политичка репресија.

Не смее ВМРО-ДПМНЕ и сите вие тоа да им го дозволите. Затоа мора сите заедно, сплотени, обединети, да излеземе, на сите наши сограѓани да им ја објасниме нашата мисија нашата кауза за Македонија. Да ги повикаме на 2-ри јуни да ни се приклучат под бајракот на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија пред владата на Република Македонија во 20:00 часот во сабота, масовно да му кажеме на Зоран Заев и групата околу него доста е Македонија ќе победи, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This