(Видео)ДРАМА ВО СТУДИОТО НА 24ВЕСТИ: Пазарџиите без влакна на јазик, им ја „плеснаа“ целата вистина в лице на властите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случуваше вечерва за време на дебатата на 24Вести, на која учествуваа закупците на тезги кои реагираа на претставничката на Комората на трговци и претставникот на министерството за економија, дека со Законот за трговија на зелените пазари не се регулираат никакви права за пазарџиите во Македонија, побараа истиот да се повлече веднаш.

Маја Стојановска Дашковска, Беким Алија и Неби Ерѓул како долгогодишни закупци на тезги обвинија дека законот има само обврски и давачки и не нуди никакви права за тезгаџиите.

Тие велат дека не ја признаваат Комората на трговци која што не ги застапува нивните интереси и порачаа дека не може да биде напишан закон од канцеларија од некој кој што не работел на минус 20 и плус 40 степени.

Анита Стојановска, правниот консултант во Комората на трговци истакна дека лицата кои што продаваат на пазарите никаде не се евидентирани и со овој закон ќе се овозможи истите да бидат легитимирани пред институциите.

Претставникот од министерството за економија вели дека со овој закон ќе се регулираат придонесите за здравствено и пензиско осигурување на тезгаџиите и со самата легитимација ќе се врши намалување на сивата економија.

Закупците на тезги остро одговорија дека не се согласуваат со ниедна одредба од законот, како и тоа дека најавената „лиценца“ според овој закон е формулирана како „легитимација“ во законскиот текст, што според нив е невидена глупост на законодавецот.

Тие велат дека не се диви продавачи затоа што уредно си го плаќаат данокот кон државата и евидентирани се според начинот на кој што ги подмируваат своите фактури кон организаторот на пазарот.

Во Македонија има 20.000 пазарџии кои треба да платат по 60 евра поединечно за секоја тезга, тоа се отприлика 1.200.000 евра кои ќе завршат во буџетот, пазарџиите прашаа каде ќе одат овие пари ?

Тие порачаа власта да не си игра со сиромаштијата и побараа веднаш повлекување на Законот за трговија на зелените пазари, поради високи трошоци кои им се дополнителен товар кој што не можат да го поднесат, и високите глоби кои се движат од 200 до 2.000 евра за сторен прекршок.

Она што е дискутабилно во поглед на Законот за трговија на зелените пазари е и фактот што надлежното министерство за економија не беше предлагач на законот, туку истиот го предложија групата пратеници во состав Артан Груби, Весел Мемеди, Ејуп Алими и Петре Шилегов.

Пазарџиите најавија дека доколку не се повлече законот ќе стартуваат со масовни протести и блокади низ цела Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This