(Видео)ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ АНАЛИТИЧАРИ: Америка на Трамп е послабa, поделенa, губи меѓународен престиж

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека нејзиното воено и економско влијание нема конкуренција, светот повеќе не е игралиште во Америка, а со изолационистички и агресивен став на Трамп, САД ја губи позицијата на меѓународно ниво, вели Чомски за РТ.


“За време на владеењето на Трамп, Америка станува се послаба, помалку ефективна, внатрешно се дезинтегрира, го губи и својот меѓународниот авторитет или престиж, и се движи кон уништување на светот”, додаде тој.

Одлуката на Трамп да се повлече Парискиот климатски договор, кој има за цел борба против климатските промени, го загрозува живиот свет на планетата, рече Чомски, тврдејќи дека повлекувањето на САД од залогот за намалување на емисиите на јаглерод диоксид е “клучната политика на администрацијата на Трамп досега “.

Секоја друга земја има барем некаква заложба за решавање на оваа растечка и всушност неизбежна криза. Само САД, под Трамп, агресивно се движат кон зголемување на опасноста, и зголемување на концентрација и емисија на стаклени гасови. ”

Чомски ги нарече потенцијалните ефекти од оваа политика “катастрофални”, истакнувајќи дека САД се на пат да ја претекнат Саудиска Арабија како водечки светски производител на фосилни горива.

Тиранијата на Америка на светската сцена произлегува од времето на Втората светска војна, од која Америка излезе економски недопрена и вооружени со нуклеарно оружје, истакна Ноам Чомски. И покрај тоа што нејзината моќ постојано се намалува од 1945 година, и други сили како Кина се појавија за да им се спротистават, САД – или, поточно, нејзините корпорации – и натаму остануваат економски центар на моќ.

“Американската моќ во меѓународниот систем како национален ентитет се намали, но, во меѓувреме, светот се смени под неолиберална глобализација и ако ја погледнете сопственоста на светот, меѓународните мултинационални корпорации со седиште во САД имаат околу 50 отсто сопственост на светската економија “.

Американската милитаристичка моќ е исто така огромна, според Чомски. “Во воена смисла, никој друг не е близу до САД, САД троши речиси исто колку сите други земји во светот заедно, а плус е технолошки многу напредна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This