(Видео)ЕДИ РАМА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА АЛБАНЦИТЕ: Сите што протестираа на наплатната рампа ќе бидат казнети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама, по повод демонстрациите и судирот со полицијата поради собирањето на патарина во Кукеш на северот на земјата, при што е запалена наплатната станица, изјави дека насилството над имотот и полицијата ќе биде казнето

„Сторителите на насилството и оние кои им беа инсприатори нека не мислат дека ќе триумфираат над законот“, вели Рама, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај новите цени на патарините ги оценил како „претерани“.

АП објави дека албанските власти оваа недела започнале со пробна наплата на патарината која возачите ќе ја плааат од 2.5 до 22.5 евра, како и дека овој автопат долг 110 километри и косовските користи кои го користат за да одат на одмор на море во Албанија, ќе мора да го платат.

Албанската телевизија „Топ Ченел“ денес јави дека поради судирите и километарската колона која се направила на автопатот, пожарникарите не можеле да стигнат до запалената наплатна станица.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This