(Видео)ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО ПЕЛАГОНИЈА: Депонијата „Мегленци“ сè уште гори, допрва ќе се бара решение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту половина месец не беше доволно да биде изгаснат пожарот во регионалната депонија “Мегленци“ близу РЕК “Битола“ од каде постојано се шири чад и други отровни гасови.

Екипата на АЛФА ТВ ја посети оваа еколошка бомба, каде што пет ромски тајфи и нивните дечиња, дури и во вакви околности, заедно со кучињата скитници се борат за корка леб. Битолските комуналци кои стопанисуваат со депонијата, интензивно посипуваат земја, но никако не можат да се справат со потенцијалните жаришта кои од пластиките и другите токсични материјали се појавуваат од сите страни, како вулкански кратери. Деновиве, откако престанаа дождовите, депонијата ќе ја третираат со еколошко средство, кое е ефикасно во вакви случаи.

– Продолжуваат активностите за посипување на депонијата со земја, но со оглед на временските услови што овозможуваат употреба на други средства за санирање на истата, во моментот постои опција за прскање на специјално средство о0д еколошки карактер, за затворање на постоечките жаришта – рече Зоран Дојчиновски, технички директор на ЈП “Комуналец“ од Битола.

Во близина на “Мегленци“ се две села, јагленокопот “Суводол“ и термоелектраните на РЕК “Битола“, а на оваа состојба реагираат екологистите од опозицијата.

-“Мегленци“ за Битола, очигледно е новиот проект на наташа Петровска. Пожарот не е угаснат и како резултат на тоа, се уште имаме емисија на канцерогени гасови ки ги трујат битолчани и околните населени места – рече д-р Олга Лозановска, екологист и советник во битолската општина од ВМРО-ДПМНЕ.

Ромските тејфи од Битола и Прилеп што тука ги начекавме, окупирани се со своите маки, па не им е до екологија ниту за нивните деца кои безгрижно играат во ѓубрето, а за еколошкиот крик потребно е долгорочно решение.

Реакциите на екологистите се сосема оправдани, но крајно, единстевното решение е регионалната депонија чиј што почеток и крај барем засега не се гледа, а некои пресметуваат дека ќе биде потребно барем пет години тоа и да се случи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This