(Видео)ЕКСПЛОЗИЈА И АПСЕЊЕ НА ПРАТЕНИЦИ: Инцидент во Црногорското Собрание, ситуацијата во земјата ескалира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата ескалираше во Црногорското Собрание, откако дојде до инцидент за време на седницата на која се гласаше за предлог-законот за слобода на вероисповед со кој се забранува СПЦ на териотрија на Црна Гора

Собраниското обезбедување влезе на пленарната седница и застана помеѓу претеседателот на Собранието Иван Брајовиќ и пратениците на Демократски Фронт. ДФ бараат седницата да се одложи за утре.

Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ и министрите ја напуштија пленарната сала, а пратениците на ДФ Милан Кнежевиќ и Андрија Мандиќ скршија дел од техниката која се наоѓа на масата на претседавачот со Собранието.

Пред инцидентот се слушна експлозија во собраниската сала, а на новинарите им било кажано дека се работи за петарда.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, полицијата ги избркала пратениците на ДФ надвор од собраниската, а потоа и сите пратеници на опозицијата се уапсени и префрлени во подгоричкиот центар за безбедност.

 

Posted by Марина Јочић on Thursday, December 26, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This