April 20, 2024, 12:12 pm

(Видео)ЗАВРШИ ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИ: ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на националните интереси на Република Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заврши лидерската средба во Клубот на пратеници организирана од страна на Министерството за надворешни работи на која присуствуваа Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов

 

Како што информираа учесниците на средбата, истата била од информативен карактер и на истата не е донесена никаква одлука, ниту пак се формирал национален консензус околу процесот на преговори.

Ахмети соопшти дека од денес ќе започне разрешувањето на долгогодишниот спор.

Што се однесува до Зоран Заев, истиот изрази оптимизам дека постои шанса да се создаде национален консензус во врска со проблемот со името.

-Ова беше информативна средба за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц. Имаме цел да обезбедиме напредок и заштита на националните интереси, а неопходна е вклученост на сите. Решение е можно ако има волја и од грчка страна. Ние ќе продолжиме да преговараме – рече Заев во кратка изјава додавајќи дека повеќе детали може да го нарушат преговарачкиот процес.

 

Мицкоски од друга страна изјави дека на средбата се направил пресек на досегашната активност на владата во преговорите за решение на спорот со Грција, на кој биле информирани за предлозите на медијаторот Нимиц, но и за разговорите помеѓу Заев и Ципрас.

Како што додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата не се дискутирало за решенија, напротив истата била од информативен карактер.

„Средбата беше од очекуван, информативен карактер. Министерот Димитров и премиерот Заев не информираа за текот на разговорите, преговорите. Исто така беше презентиран и предлогот од страна на господинот Нимиц, предлог кој што помалку или повеќе и е познат на јавноста во Република Македонија. Можам да кажам дека од овој момент па натаму, целокупниот процес за водење на преговорите поврзани со овој спор кој Македонија го има со соседна Република Грција го води владата. Тој спор треба да продолжи и понатаму да го движи. ВМРО-ДПМНЕ останува единствено на опцијата дека Македонија мора да биде дел од НАТО алијансата и Европската Унија, и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на државните и националните интереси на Република Македонија“ – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

36 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This