(Видео)ЗАВРШИ СРЕДБАТА ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЗАЕВ: Јас сум оптимист – следува состанок со пратеничката група на која ќе се утврдат следните чекори на пратениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По час и полвина разговор со премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја напушти Владата. По средбата Мицкоски изјави дека иницијативата за средбата била на премиерот.

Тој рече дека разговарале за многу образовни, економски и здравствени теми. На новинарско прашање дали тема на разговор биле и притворените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски повтори дека разговарале за актуелни теми.

Во однос на враќањето на пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Мицкоски рече дека веднаш по средбата со Заев ќе присуствува на средба со пратеничката група по која што ќе се знае какви ќе бидат натамошните чекори и на каков начин ќе делуваат пратениците во Собранието.

„Јас сум оптимист, а некои ме сметаат дури за утопист“, рече Мицкоски и додаде дека утре од партијата ќе испратат соопштение во врска со состанокот со пратеничката група.

Мицкоски рече дека дијалогот помеѓу власта и опозицијата никогаш не бил закочен. Вакви, како што рече, конструктивни средби очекува и во иднина.

Репортер
Борислав Стоилковиќ

23 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This