(Видео)ЗАЕВ ВОВЕДУВА ДИКТАТУРА, И ТОА НЕ ГО КРИЕ: Името ќе се менува со консултативен референдум, исклучувањето на опозицијата од процесите било оправдано!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Референдум без потребен консензус. Ова е најновиот трик на владата на Заев за промена на името против волјата на народот, а со цел да се избегне неуспешниот обврзувачки референдум

 

Како што брифираше Заев, на петчасовната лидерска средба помеѓу лидерите на 11 партии кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, се договориле референдумот за промена на името да биде консултативен, што значи дека нема да има потреба од консензус. На овој начин, Заев ја елиминира и минимизира волјата на граѓаните, и дефакто спроведува театарска претстава, и своевидно алиби за спроведување на референдум.

Од друга страна, Заев тврди дека тој ги испочитувал сите гаранции кои ги дал на опозицијата, но во Собранието сеуште не се донесени измените во законот за финансирање на партии.

Запрашан дали не се чувствува дека е контрадикторен во изјавите, еднаш зборувајќи за демократија, а во пракса спроведувајќи постапки кои ја враќаат Македонија во едно мрачно време од пред 40 година, Заев смета дека одлуката да се гласа нов состав на ДИК без учество на опозицијата е оправдан. Ова е загрижувачка изјава, која го урива демократскиот систем на државата, и воведува диктатура во која опозицијата е исклучена од процесите на контрола на власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This