(Видео)Заев ги извиси лозарите: Едно зборуваше од опозиција, друго спроведува кога е на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лозарите и покрај средбата која ја имаа со премиерот Зоран Заев најавија нови протести бидејќи не биле исполнети нивните барања за откупната цена на грозјето. Токму овој проблем на лозарите покажува уште еднаш дека премиерот на Република Македонија, Зоран Заев едно зборува кога е во опозиција, а друго прави кога е на власт.

Премиерот Заев кажа дека не можел да интервенира во цените бидејќи така може да го наруши пазарниот принцип на државата. Но, лозарите паметат и што зборуваше Заев пред нешто помалку од две години имаше друг став околу прашање, тогаш бараше директна интервенција од страна државата.

– 50-тина милиони килограми црно и бело грозје, кои што се останати во тиквешкиот крај и по цела Македонија да бидат откупени. Се работи за интервенција од не повеќе од 10 милиони евра. Самото панорамско тркало е 18 милиони евра, ако не и повеќе. Сите овие непродуктивни трошоци, кои што се трошат одат во неповрат, имаме живи луѓе, наши граѓани на кои што треба да им помогнеме. Јас верувам дека ќе се смогнат сили директно да се интервенира и да се откупи ова грозје, таму каде што има простор да се складира, за да може дел по дел да се обработи во вино и да биде продадено на пазарите ширум светот, изјави на 27.09.2017 година, Зоран Заев тогаш лидер на опозицијата.

Иако тогаш бараше интервенција од државата, во изјава пред два дена вели дека таква интервенција била противзаконска и би можела да биде казнета со казна затвор. Во јавноста гласно се поставува прашањето дали Заев нема општи познавања од правото, со барањето од 2016 година или пак тоа било само празен популизам, со цел да се дојде гласовите на граѓаните.

– Јас не можам реално вечерва да кажам слушајте дадено е, не е чесно. Не сум сам што носам одлуки, има закони во државата, се работи за јавни, трошењето на јавни пари ако не е по закон се смета за ненаменско и незаконско трошење пари и се одговара по закон со казна затвор. Затоа мора да се донесат соодветни одлуки и слично. Ќе направиме се, гледате малку ли се производителите на слива и таму интервенираме, малку се производителите на други производи и таму интервенираме, не само за големите производи. Реално, грозјето ни е еден од најстратешките производи. Да може ние како да гарантираме цени, тоа би го направиле, ама пазарна држава, која е ориентирана према пазарот не може да го прави тоа, изјави Зоран Заев, само сега од позиција на премиер на државата, а не лидер на опозицијата.

Здружението „Вина од Македонија“ соопшти дека доколку ваквите закани се остварат тие ќе значат стопирање на годинешниот откуп на грозје, што, според нив, ќе нанесе непоправлива штета на домашната винска индустрија, но и на лозарството.

Владата ќе обезбеди дополнителна субвенција за лозарите

По реакциите на лозарите дека се соочуваат со голема криза, Владата вчера соопшти дека ќе обезбеди дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите вранец и смедеревка. На овој начин ќе се придонесе за зголемување на рентабилноста на производството на овие две најзастапени сорти. Одлуката ќе биде донесена на следната владина седница.

Освен оваа дополнителна субвенција, со цел создавање на рентабилно производство, Владата ќе обезбеди финансиски средства за Здружението на лозари, за да можат да обезбедат дополнителни контроли на мерењето на шеќерните единици, а се со цел да нема манипулации и да бидат сигурни во проценките од страна на винариите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This