(Видео)ЗАЕВ РАБОТИ СПРОТИВНО НА ПРЕПОРАКИТЕ НА ПРИБЕ: Активностите на Зоран Заев во кампања се во спротивност со препораките на Прибе !

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зијадин Села  во неговото вчерашно гостување во емисијата Топ Тема на Телма рече дека појавувањето на Зоран Заев како премиер во изборна кампања за локални избори е во спротивност со препораките на Прибе. Според него Заев треба да внимава каде се појавува.

– Фактот што вие тврдите дека Заев се појавува и води кампања за градоначалници кои се на втор круг сега на ДУИ тоа е во спротивност од препораките на Прибе. И многу други препораки за кои се залага оваа власт, мислам дека премиерот треба да пази каков вид кампања и каде се појавува за да прави кампања, истакна Села.

Имено медиумите досега  неколку пати објавија фотографии и видео материјал како  министри од владата на  СДСМ,  државни службеници и функционери активно се вклучени во изборната кампања промовирајќи ги кандидатите на СДСМ.

Како што напомена Села сето тоа е во спротивност со европските заложби на земјата.
Имено тоа  претставува директно мешање на партијата и државата, а токму тоа беше една од главните забелешки во извештајот на Прибе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This