Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест кој се одржа пред Владата на Р.Македонија упати порака и до „новите поддржувачи“ на СДСМ и Зоран Заев, ветувајќи дека на следните избори, предвремени, и тие ќе бидат победени „заедно на купче“
– Време е за акција, ова не е битка за ден или за два, и свесен сум дека со подмолни удари ќе се обидат да не поткопаат, да не обесхрабрат, но ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме – дека нема алтернатива, дури и оние новите нивни поддржувачи кои застанаа рамо до рамо со нив. Сите заедно на купче ќе ги победиме! Борбата ќе биде нерамна и тешка, ама ќе ги победиме. Борбата ќе биде тешка, ама затоа ќе биде честита – повелика! – рече Мицкоски обраќајќи се пред илјадниците луѓе собрани на протестот пред Владата на Р.Македонија
https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/880453762163726/