April 20, 2024, 12:48 pm

(Видео)ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ ВО КИНА: Заклучени станови, затрупани тунели и патишта за да не бегаат заразените од корона вирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пусти улици и градски превоз, празни рафтови во продавниците, блокади на патиштата и роботи кои им носат храна на заразените пациенти,  се слика и прилика на општата паника која владее во кинеските провинции каде коронавирусот почнал да ги коси човечките животи.

 

 

 

 

Според последните податоци до сега починати се 170 лица, а се проценува дека повеќе од 7.800 се заразени. Неработните денови поради празниците и училишниот распуст се продолжени како би се спречило дополнителното ширење на вирусот, а поради повеќето мерки кои ги носи

власта паниката се повеќе се шири помеѓу луѓето.

 

Улиците се апокалиптично пусти, возила скоро и нема, а во метро многу ретко може да се види човек, кој обавезно носи маска. Фотографиите од празни седишта од авионите кои летаат на релација Шангај-Пекинг најубаво покажуваат  колку Кинезите озбилно ги сфатиле опомените да не патуваат без посебни потреби .

 

Потресно видео е забележан од една висококатница во Вухан, од епицентарот на заразата во која на граѓаните им е забрането да излезат од дома бе некои големи потреби, ова видео е на удар со коментари на социјалните мрежи.

 

 

https://twitter.com/JenniferHYChan/status/1221809585280782336

На една фотографија се гледа тунел затрупан со земја како би се спречил вкез и излез од градот.

https://twitter.com/NoticiasVirus/status/1221999084321562624

Од Вухан паниката  се рашири во другите градови, па така на сликите можеме да видиме празни рафтови во шајганските маркети, како и купувачи со маски кои во паника купуваат производи и се бутаат на касите.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This