March 28, 2024, 10:10 pm

(Видео)ЗАХАРИЕВА ПОТВРДИ, ПРЕГОВОРИ НЕМА ДА ИМА: Бугарија нема намера да ги признае Македонците и Македонскиот јазик, Заев ја лаже јавноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На бугарската телевизија „ Б ТВ“ во емисијата „Тази сутрин“, гостуваше Екатерина Захариева, која во владата на Бојко Борисов е заменик-премиер за правосудни реформи и министер за надворешни работи. Таа истакна дека очекува потпишување на договорот и дека Република Бугарија нема повеќе да преговара за содржината на договорот, тоа што е во договорот не подразбира признавање на јазикот, а ниту, пак, народ.

НЕ Е ПРАШАЊЕТО КОЈ, ТУКУ ЗОШТО ЗАЕВ ЛАЖЕ: Бугарската МНР не дозволува преговори за договорот ниту менување на текстот, Заев лаже!

На новинарско прашање: ВМРО-ДПМНЕ велат дека во договорот со Бугарија ќе биде споменат конкретно македонскиот народ. Во тој договор се споменува ли тоа, бугарската министерка Захариева одговори:
Сакаат да биде споменат. Видете, ние не преговараме со партии, ние преговараме со Влади. Така што преговорите со Владата на Македонија, која е легитимно избрана, се завршени!

Новинарско прашање: Во тој договор има ли дефиниција, македонски народ и македонски јазик?
Немаме намера ништо повеќе од тие клаузули или како и да е. Со договорот ја решивме работата со македонскиот јазик, ви ја кажав клаузулата каква е. Не е променета, истата е. Така што нема такви работи какви што сакаат ВМРО. И немаме намера повеќе да преговараме. Тоа е понудата, тоа е договорот, кој е основа за консензус, истакна Захариева.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This