(Видео)ЗА КАКВО СУДСТВО ЗБОРУВА СДС И ЗАЕВ: Кога Красниќи го држеше под опсада Скопје или како она со Иснифарис Џемаили?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тие не’ претставуваа како монструми, кaко убијци, како криминалци, и сега зачудени се кога дојде до оваа ситуација, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при своето гостување во „Дневникот“ на Алфа.

-Го слушам вчера Оливер Спасовски дека тоа било резултат на тоа што луѓето не верувале веќе во судскиот систем и сега си ја превземале работата во свои раце. Во кого не веруваат, во кој судски систем? Во оној што Красниќи четири месеци го држеше Скопје под опсада со незнам колку тони оружје во Кондово, на крајот влезе како херој и излезе како уште поголем херој од судот во Скопје во време на СДСМ. Во она време кога Иснафирис Џемаили направи триста грабежи на државата и никој не поведуваше сметка за тоа и остана дури кога дојде владата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш да се заинтересираат институциите да го решаваат. На оние случаи со директор на ГОДЕЛ кој што не ги доби судските казни, на оној случај на кој онаа жена Шуклева од Гевгелија не ја пуштаа да излезе на погреб на нејзиниот татко, за такви неверувања во судството ли говори Спасовски, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека тоа се извртување на тези, тоа се обиди да најде алиби, да најде оправдување за тоа што го правеа со години.

-Наместо да се извинат за сето тоа што го правеа и што не прикажуваа како нелуѓе, како монструми, додека ние по 15 сата работевме за оваа земја да тргне напред, да направиме некоја реформа, да решиме некој проблем, да качиме плата, да качиме пензија, да помогнеме земјата да оди напред. Тие не претставуваа како монструми, како убијци, како криминалци, и сега зачудени се кога дојде до оваа ситуација, рече Груевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This