Промената на името, за надворешниот фактор значи влез на Македонија во НАТО, и никој не е против тоа – вели Никола Груевски во интервју за „Пинк 1“ кое се емитува вечерва, а е снимено на 10. фебуари
„Повеќето македонски партии сакаат земјата да влезе во НАТО и во ЕУ, но проблемот е цената за тоа. А цената, промена на име, промена на Устав, идентитет.“ – вели Груевски во интервјуто на српската „Пинк“ телевизија.
Тој дава пример за тоа дека повеќе нема да може да се користи ниту институционалниот идентитет.
„Ние веќе нема да можеме институционално да го кристиме нашиот идентитет. Никаде не смее на институциите да стои Македонски, маекедонска, македонско. Неможе да имаме Македонска Академија на Науките и уметностите, туку Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија“ – вели Груевкси.
Ако идентитет го немате институционално, тогаш го имате само по дома.
„Тоа не е тоа. По дома секој може да се…па по дома и кога сме биле под poпcтво, нечие, сме се нарекувале Македонци. Поентата е кога имате своја држава да можете слободно да го користите вашиот идентитет и во институциите. Сега со овој договор тоа исчезнува“ – вели Груевски.