Идната војвотка се опрости со актерската кариера во стил
Меган Маркл, идната војвотка од Сасекс, се опрости од својата актерска кариера во голем стил и тоа во венчаница.
Таа се спрема да облече венчаница во вистинскиот живот и да го изговори судбоносното „да“ на принцот Хари, а сега кажа „збогум“ на актерската кариера во бела свечена венчаница. Во 7. сезона на серијата „Сјутс“, преубавата Меган застана пред олтарот каде како адвокатка Рејчел Зејн се омажи за адвокатот и колега Мајк Рос, кого го глуми актерот Патрик Адамс.
Оваа епизода е емитувана само три недели пред нејзината голема венчавка, а таа изгледаше преубаво во свечениот фустан.
Нејзината венчаница ги маѓепса сите, а на истата се потпишува креаторката Ана Барж. Нејзината вистинска венчаница нема да изгледа така. Фустанот кој таа го носи во серијата има длабоко деколте, отворен грб и е провидна, што никако не е во склад со кралскиот дрес код.
На вистинската венчавка ќе носи конзервативен фустан.
For the first time, Mr. and Mrs. Ross. #MikeAndRachel #Suits #WestCoast pic.twitter.com/sJLMxxlQFd
— Suits (@Suits_USA) April 26, 2018