(Видео)ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА, ЗА МАЛКУ НЕ УДРИ ВО ПУБЛИКА: Еден гледач заврши со искршени нозе на ридско-брзинската трка на Водно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод ослободувањето на Градот Скопје, викендов беа организирани трки на Водно каде настанот падна во сенка поради инцидентот кој се случи на почетокот од натпреварувањето.

Имено, уште на самиот старт, при првата кривина, натпреварувач со „застава југо” удри во еден посетител. Според првичните информации повредениот се здобил со скршеници на двете нозе поради што трката била прекината, а повредениот со Итна помош веднаш бил пренесен до болница.

Според информациите гледачот се движел непрописно во забранетата зона за пешаци, поради што на еден од свиоците кој бил без доволна прегледност бил удрен од возачот на застава југо.

Инаку, по неколкучасовен прекин трките биле продолжени, но било одлучено да се извози само првата рунда поради раното стемнување.

Имено, овој ридско – брзинскиот натпревар во автомобилизам се бодува за шампионатот на Македонија и е во рамките и на одбележувањето на празникот „Ослободување на Град Скопје – 13 Ноември”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This