April 23, 2024, 11:35 pm

(Видео)ИНТЕРЕСЕН ЕКСПЕРИМЕТ ВО СКОПЈЕ: Кој прв ќе стигне од Аеродром до Плоштад – автобусот, велосипедот или автомобилот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загрижени за загаденоста во главниот град, но и стресот кој се создава кај возачите додека се пробиваат низ утринските и попладневни сообраќајни шпицови, конзервативците од „Консерватив.мк“ направија еден интересен експеримет


Сите заедно тргнаа од исто место, со заедничка цел -кој прв ќе стигне до плоштадот Македонија. Разликата помеѓу тројцата беше што сите употребуваа различно превозно средство – автобус, велосипед и автомобил.

Почнувајќи во исто време и со 3 различни камери, се упативме кон „плоштад Македонија“. Од видеото, јасно може да се забележи дека со велосипед се стигнува за 13:10 минути, што претставува скоро двојно побрзо од превозот со автобус или автомобил.
Покрај тоа, велосипедот не испушта штетни материи, нема бучава и е најбрзо средство за превоз. Изборот е јасен, користете го велоспиедот како превозно средство до вашето работно место, факултет или училиште. Тоа е единствениот начин како може да бидеме во чекор со Европа во однос на свесност за здрава животна средина.
Големо ДА за #велоскопје! – пишуваат дечките од „Консерватив.мк“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This