(Видео)„ИНФОМАКС“ БИЛ ПРОБЛЕМОТ, НЕ ПИСМОТО НА БЕЈЛИ: Тажен ден за слободата на медиуми, по скандалозниот прилог на МРТВ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со образложение дека сме го извадиле од контекст, Катерина Синадиновска, која важеше за колумнист кој редовно ги воспеваше економските успеси на Груевски – пред да замине во Будимпешта – за по промената на власта, да го смени тонот во критичен кон ВМРО-ДПМНЕ, и поетичен кон властите на СДСМ, најверојатно по сугестија од засегнатата страна со привремен претстој на скопското Кале, посвети цел прилог на веста објавена на „Инфомакс“, а во врска со писмото на амбасадорот на САД Џес Бејли

 

Не дека не засегна, но фактот што националниот сервис се обидува да влијае врз уредувачката политика на „Инфомакс“, дотолку повеќе укажува на тоа дека во Македонија владее медиумски мрак, во кој медиумите и новинарите се делат на про-сдсмовски и подобни, и опозициски/неподобни медиуми.

Во прилогот на Катерина Синадиновска, имено, не се негира информацијата која ја објавивме, а во која е посочена Кристина Каранакова, вработена во кабинетот на американскиот амбасадор како советник за правни работи, како човек за врска помеѓу амбасадорот и судиите, туку напротив се потврдува. Она што Синадиновска се обиде да го истакне е дека вработените во дипломатските претставништва согласно Виенската конвенција имал право да присуствуваат во судовите и на судењата од особено значење за државата чиј претставник го следи судењето.

И, ние, ниту го оспоривме, ниту го скандализираме тоа право на дипломатите. Она што е скандалозно, е што токму лица вработени во Амбасадата на САД, беа забележани и снимени надвор од работните часови на судот, кога во судниците немаше никакво судење. Секако, Виенската конвенција не го оправдува ова однесување, кое според истата конвенција се смета за мешање во внатрешните работи на државата, во случајот судскиот систем во земјата.

Синадиновска неумешно се обиде да фрли сенка на сомнеж врз „Инфомакс“, објаснувајќи дека истрагата на Конгресот во врска со наводната злоупотреба на финансиски средства на УСАИД со цел финансирање на НВО во Македонија со „ултра-левичарски“ и „неолиберални“ ставови, според Американските конгресмени, било „вадење од контекст на писмото на амбасадорот Бејли“.

Не почитувана Синадиновска, тоа не е вадење од контекст. Тоа е претпоставка на новинарот, која е доволно добро образложена. Имено, според новинарот кој го објавил текстот кој очигледно предизвикал паника во амбасадата, истрагата на Конгресот за работата на амбасадорот на САД Џес Бејли има и тоа каква поврзаност, особено ако се земе во предвид фактот дека во истрагата се истражуваат и средства со кои се финансирале различни обуки за судиите и јавните обвинители од страна на невладини организации под контрола на фондацијата „Отворено општество“ на милијардерот Џорџ Сорос.

Македонија се наоѓа во тотален медиумски мрак, а проектите како „Агенда 35“ само додаваат на темнината.

Наместо да се потруди и да ги доистражи сознанијата на „Инфомакс“, Синадиновска во прилог емитуван на националната телевизија само ги потврди нашите сознанија. Таа потврди дека дипломати на САД биле присутни на судењата и во судовите, оправдувајќи го тоа со Виенската конвенција – која важи за Американскиот амбасадор, но не и за Рускиот или било кој друг.

Потврди и дека во Конгресот се води истрага против Џес Бејли за злоупотреба на парите, но се обиде да го наслика тоа како „вадење од контекст на писмото на Бејли“.

Тажен ден за слободата на медиуми во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This