(Видео)„ИНФОМАКС ПАТРОЛА“: Погледнете како изгледаше првиот ден од полицискиот час низ објективот на „Инфомакс“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на „Инфомакс“ беше во патрола на скопските улици уште на првиот ден од спроведувањето на полицискиот час, кој во Македонија се случува за прв пат во 30 години независност


Полицискиот час кој со владина одлука беше воведен во саботата (21.03.2020) поради состојбата со коронавирусот, стапи на сила вечерва (22.03.2020) од 21.00 часот а ќе трае до 06.00 секој ден до укинување на мерката.

Од првата „Инфомакс патрола“ можеше да се забележат празни улици, освен неколкумина граѓани во моторни возила, еден велосипедист кој возеше по булеварот „Партизански одреди“ и неколкумина таксисти кои имаат право да возат од здравствените институции, но само до друга здравствена институција.

На патролата го сретнавме и тех.министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој исто така беше излезен во патрола. Чулев вршеше контрола на општина Шуто Оризари и спроведувањето на полицискиот час во оваа општина.

Коментиравме и разменивме мислења со граѓаните кои во живо не следеа на социјалните мрежи.

Целосната патрола погледнете ја во продолжение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This