(Видео)ИРАН ГИ ПОКАЖУВА ВОЕНИТЕ МУСКУЛИ: За прв пат јавно презентирана интерконтинентална балистичка ракета на Иран!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамки на манисфестацијата посветена на 39. годишнината од исламската револуција ја претстави новата интерконтинентална балистичка ракета „Кадр“, јави агенцијата „Фарс“.

Иранските медиуми, повикувајќи се на извори во војската, јавуваат дека новата ракета има дострел од 2.000 километри и може да ги совлада противракетните системи на противниците.

Освен тоа, иранскиот воено-индустриски комплекс претстави и ракета со помал дострел „Фаџр 5“.

Во чест на јубилејот на револуцијата соопштено е дека иранската воена морнарица го завршува тестирањето на подморницата класа „Фатех“.

Демонстрацијата на достигнувањата на иранската воена индустрија се поклопува со заострувањето на односите помеѓу Иран и Израел, во што спаѓа и инцидентот со иранскиот дрон кој влегол во воздушниот простор на Израел од територија на Сирија. Резултат на инцидентот беше соборување на израелскиот Ф-16 со руска ракета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This