(Видео)ИРЕНА ФРЧКОВСКА ГО CПACУВА ЗАЕВ, НЕ ЈАНЕВА: Како сопругата на Љубомир Фрчковски се обиде да ја мaнипyлиpa јавноста за да го спаси Зоран Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев ја стави во навистина незгодна позиција сопругата на Љубомир Фрчковски, Ирена Фрчковска која е и адвокат на осомничената за случајот „Рекет“ Катица Јанева, а во врска со информациите кои таа му ги дала на премиерот за наводното излегување во домашен притвор на екс-шефицата на СЈО

Фрчковска се обиде неколкупати, невешто сепак, да ја објасни ситуацијата во врска со состанокот за кој Зоран Заев зборуваше ден по лидерската средба. Според Заев, тој се видел со Ирена Фрчковска која го информирала дека Катица Јанева поднела жалба на притворот и барање за укинување на мерката ефективен во домашен притвор.

Вака барем се правдаше Зоран Заев откако во пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошовски кој беше и дел од делегацијата на лидерската средба во Собранието минатата недела, во јавноста сподели скандалозен детал од разговорите. Според Милошовски, Заев на средбата кажал дека за 10-тина дена Јанева ќе биде пуштена во домашен притвор што ја скандализираше јавноста со оглед на тоа дека одлуката се уште не е донесена.

Обидувајќи се да излезе од непријатната позиција во која ја стави Зоран Заев, адвокатката Фрчковска се заплетка во друга небулоза.

На 3.08 минути од интервјуто за „21ТВ“ Фрчковска објаснува дкеа писмото кое Јанева го испратила до обвинителот Љубомир Јовевски било напишано на рака, и потпишано од осомничената Катица Јанева.

– Дописите кои Јанева ги испраќаше од притворот беа напишани лично до нејзе, на рака. Процедурата за доставување на такви писмена, на таква писмена кореспонденција беше во согласност со законот за кривична постапка член 178, и тоа беше направено со знаење на органот кој ја спроведува истрагата, преку службите на затворот и преку судот, судијата на претходна постапка. Затоа сметам дека сите тие информации дека писмото е пишувано на компјутер, па допишувано не се вистинити односно се шпекулации – рече Фрчковска.

Сепак, на 6.30 минути од истото видео Ирена Фрчковска се демантира себеси и заглавува во уште поголема небулоза, овој пат објаснувајќи дека таа воопшто не го видела писмото на Јанева испратено до Јовевски со кое таа дава наредба предметите од СЈО да ги превземе државното Јавно обвинителство.

– Одлуката јас, согласноста – по закон е согласност член 6 – јас ја немам видено. Не сум ја видела, само ме извести дека таква одлука донела и дека така и така ќе постапи – рече Фрчковска.

Како тоа Ирена Фрчковска, сопруга на Љубомир Фрчковски и адвокат на Катица Јанева знаела како е напишана наредбата, а три минути подоцна објасни дека таа не го видела писмото останува мистерија, но и отвара едно прашање – кога Фрчковска ја зборуваше вистината, на 3.08 минути од интервјуто или на 6.30 секунди од истото интервју?

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This