(Видео)ИСКРШЕНИ ВРАТИ И СТАКЛА: СДС сака да ги замолчи работниците за неостварените ветувања, денес насилен упад во Сојузот на Синдикати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самопрогласениот лидер на ССМ, Дарко Димовски, со агенда на СДСМ нелегално сака да го превземе ССМ. Денес истиот со асистенција на полицијата на Оливер Спасовски, повикувајќи се на решение со кое се одбива неговото барање за упис во Централен регистар изврши противправен упад во седиштето на синдикатот, во обид насилно да седне на синдикалното столче, со што СДСМ ќе стави рака врз синдикалното движење и контрола на сите синдикални чекори.

Дарко Димовски, поддржан од партиската полиција на СДСМ и неговите партиски пајташи денес изврши противправен упад во просториите на синдикатот, при што беше скршена влезната врата на ССМ и е нанесена друга помала материјална штета.

Полицијата на Спасовски пружила асистенција за обезбедување на влез во службени простории на Димовски како на лице кое е лидер на синдикат врз основа на решение со кое се одбива барањето за упис на Димовски како синдикален лидер, на кое немала право да даде асистенција и со тоа буквално го прекршила законот. Полицијата не може да даде асистеција на решение со кое се одбива барањето на Димовски, и да постапува по однос на истото како да се одобрува уписот.

Имено Управниот суд на 07.07.2017 година, постапувајќи по барање на Дарко Димовски, за судот да донесе решение со кое ќе му се наложи на Централниот регистар да изврши упис за промена на овластено лице на ССМ, бришејќи го името на Живко Митревски, да го запише него. Управниот суд го одбил ваквото барање на Димовски, со што Митровски останува лидер на ССМ, без можност за упис на друг, но денеска Димовски мотивиран од новата власт на Заев со асистенција на полицијата на Оливер Спасовски изврши упад во просториите на ССМ , при што еден од луѓето на Димовски насилно влегувајќи во просториите на синдикатот ја скршил влезната врата на просториите.

СДСМ со овој чекор сака да создаде партиски синдикат, кој ќе ги поддржува погубните политики на Владата во економијата во наредниот период на најавени покачувања на даноците и придонесите, што неминовно ќе влијае на зголемување на невработеноста. Ситуација во која доколку имаме независен синдикат неминовно ќе дојде до големи протести на работниците, токму затоа СДСМ подготвува терен за партизација на синдикатот, кој ќе биде слеп послушник и слуга на Владата на Заев.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This