(Видео)ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Доналд Трам и Ким Јонг Ун допатуваат во Сингапур во пресрет на самитот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун денеска имаше средба со премиерот на Сингапур, Ли Хсијен Лунг, во пресрет на историскиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи во вторник на островот Сентоса.

Како што пренесуваат светските агенции, Ким на средбата истакнал дека „цел свет го набљудува историскиот самит помеѓу Демократска Народна Република Кореја и Соединетите Американски Држави“, додавајќи дека благодарение на напорите на премиерот на Сингапур ќе завршат подготовките за историскиот самит.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, допатува со авион во Сингапур, изјави сингапурскиот весник “Стрејт тајмс”, два дена пред долгоочекуваната самитот со претседателот на САД, Доналд Трамп во овој град-држава.

Ким пристигна со приватен авион “Боинг 747” на компанијата “Ер Кина” на аеродромот “Чанги”, пренесува Ројтерс повикувајќи се на “Стрејт тајмс”.

Авионот на севернокорејскиот лидер полета утрово од Пјонгјанг кон Сингапур.

И други товарни авиони, кои го придружуваа Ким Јонг Ун за време на неговата неодамнешна посета на Кина, исто така полетаа од главниот град на Северна Кореја за Сингапур, соопшти британската агенција.

Предвидено е Трамп и Ким да се состанат во вторник во 9 часот по локално време. На средбата ќе разговараат за крајот на нуклеарната програма на Северна Кореја и трансформацијата на оваа изолирана земја, која претрпе меѓународни санкции за својата нуклеарна програма.

Средбата во Сингапур ќе ја следат околу 3.000 новинари акредитирани од цел свет.

https://www.youtube.com/watch?v=YDJh8ba5YNY

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This