(Видео)ИСЦЕНИРАН ИНЦИДЕНТ НА ТАБАНОВЦЕ: Политички инструиран провокатор ги нападнал луѓето кои протестираа за неправедно притворените?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Сите ќе ве потепам и ќе ве стрелам“ – рекол полицаецот, сведочат очевидци, кој падна „жртва“ на вчерашнио протест и блокада на граничниот премин Табановце, откако полицијата со насилство се обиде да го спречи легитимниот и навремено пријавен протест

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва, заедно со началникот на СВР Куманово, беше во посета на повредениот полицаец од протестот на ВМРО-ДПМНЕ – стоеше во синоќешните написи на провладините медиуми, кои се обидоа да го претстават полциаецот кој повреди демонстрант кој мирно протестираше како жртва.

Според очевидци на настанот, полицаецот се заканувал со зборовите „сите ќе ве потепам и ќе ве стрелам“, пред да започне да се турка со демонстрантите, а присутните на демонстрациите велат дека и покрај тоа што протестот беше мирен, наведениот полицаец почнал да ги турка луѓето и да предизвикува тензии.

Се работи за полицаецот Благе Ангеловски, инаку активен во политичката кампања на СДС, а како што може да се забележи од фотографиите и близок соработник со новиот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Кумановци се сомневаат дека се работи за исценирана провокација со цел мирните демонстрации да се прикажат како насилни, а приведувањето на потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово Филип Филиповски не е ништо повеќе од политичка пресметка, својствена на полициска хунта.

Од снимката јасно може да се заклучи дека полицијата без повод и причина започна да ги тепа демонстрантите, по што еден беше повреден и приведен.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This