(Видео)И МЕРКЕЛ Е ПPOTИB ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ: Макрон открива дека и Меркел е пpoтив oтпoчнyвaњe преговори со Македонија и Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само францускиот лидер Емануел Макрон, туку и германскат канецларка Ангела Меркел е против датум за преговори со Европската Унија за Македонија. Барем така може да се протолкува изјавата на францускиот претседател по средбата со неговата германска колешка

 

– Го делам мислењето на Меркел дека регионот има стратешко значење, сакам на лидерите од овие земји да им испратам позитивен сигнал, но поради лошото искуство сега ние сме тие на кои им треба повеќе време, изјави Макрон на заедничката прес-конфернеција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според Макрон, процесите на преговори и отворење на пристапните поглавја се застарени и иреверзибилни. Макрон праша како тој да им објасни на неговите граѓани за тоа кое е оправдувањето што Македонија и Албанија добиле датум.

– Албанија е земјата од која ни доаѓаат најголем број на баратели на азил. Илјадници. И сега кажете ми како да им објаснам на моите граѓани како работите станале одеднаш розеви во Албанија и започнала преговори за членство? – праша Макрон.

Тој додаде дека засега останува негативниот став за почеток на преговори со Македонија.

Зоран Заев пак од Виена потврди дека доколку Македонија дефинитивно не добие датум за преговори, земјата ќе влезе во предвремени парламентарни избори.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This