(Видео)И РАМЗАН КАДИРОВ ЧЕКАШЕ НА РЕД: И чеченскиот претседател чекаше на ред да се фотографира со Салах!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една по една репрезентациите полека пристигнуваат во Русија на Светското првенство, а меѓу нив и Египет.

Египќаните дојдоа во својата база во Грозни, во Чеченија и нивното појавување таму предизвика општо воодушевување во јавноста или подобро кажано, појавувањето на Мохамед Салах.

Можеби и најдобриот играч на светот за претходната сезона предизвика вистинска екстаза кога дојде во главниот град на републиката, а лично го дочека првиот човек Рамзан Кадиров, кој трпеливо чекаше во ред за да се фотографира со ѕвездата на Ливерпул.

Не е ни чудно што Салах е вака дочека, затоа Чеченците се главно муслимани, а Салах е моментално најпопуларен фудбалер во муслиманскиот и арапскиот свет.

Инаку, целата јавност се уште не знае дали и кога Салах ќе биде спремен за настап на Мундијалот после повредата на рамото која ја доби во дуелот со Серхио Рамос.


Наводно кажано е дека нема да заигра пред последното коло од групната фаза, меѓутоа тој вели дека очекува да се најде во тимот уште во петок на мечот против Уругвај.

-Се чувствувам добро и верувам дека ќе бидам спремен уште за мечот од првото коло на Мундијалот. Се зависи како ќе бидам после наредните тренинзи, кажа Салах.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This