April 24, 2024, 11:42 pm

(Видео)КАКО СЕ ИЗВЛЕКУВАШЕ АВТОБУСОТ: Со два големи крана, багер и два шлепери – останаа само лични предмети и остатоци од автобусот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со два големи кранови, голем багер и два шлепери денес попладнево беше извлечен автобусот на „Дурмо Турс“ во кој зaгинaa 14 лица, а 32 се повредени. Сите од Гостивар.


Автобусот се движел по рутата по која патува секој ден по девет пати. Низ центарот на Скопје, преку Ѓорче Петров го напуштил главниот град во својата шеста тура вчера. Движејќи се по автопатот Скопје –Тетово, брзал кон Гостивар.

До нecpeќaтa дошло кај селото Ласкарци.

Според првичните информации, дошло до блокирање на воланот во автобусот, а еден од патниците се обидел да му помогне да го исправат. Сепак, други сведоштва тврдат дека возачот гледал во мобилниот телефон кога се случила тpaгeдиjaтa.

Двете банкини кои служат како заштита меѓу возилата кои се движат во спротивен правец немале никакви шанси пред залетаниот автобус тежок десетина тона. Без контрола над возилото во тој момент, возачот не можел да направи многу. Автобусот поминал преку лената во која се движат возила во спротивен правец, од Тетово кон Скопје и повторно удрил во банкината која го дели автопатот со стариот пат кој води до Сарај.

На својот пат до таму, пробил три заштитни челични банкини и заштитната ограда. На местото на нecpeќaтa сликата беше стpaшна. На земја без расфрлани личните предмети на патниците и делови од автобусот, а трагите на асфалтот сведочеа за катастрофата која ја зави Македонија во црно, пишува Сител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This