(Видео)КАКО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ СТАНА РУСКА БАРА: Руската воена морнарица ги надмина силите на НАТО во регионот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

sredozemno_more-rusija
Во Средоземното море се наоѓаат десетина воени бродови на руската воена морнарица со авиони и хеликоптери на своите палуби и најсовремени системи за противвоздушна и противракетна одбрана. Нинвите задачи се јасни – заштита на руските воени објекти во Сирија и борба против тероризмот


Походот на бродовите на руската Северна флота кон Средоземното море, низ Ламанп и Атлантикот, предизвика голема бука во западните медиуми: „Путин“, „Русија“, „флота“, „ескадрила“, „Адмирал Кузњецов“ се најчесто повторуваните зборови во англискиот печат од моментот на испловување на руските бродови на отворено море. Британската кралска флота се спреми на достоен начин да одговори на руската нуклеарна флота. Веднаш го испратија разорувачот „Данкан“ и фрекатата „Ричмонд“, од моментот кога таа работа ја преземаа од норвешките колеги. Треба да се признае, не е сеедно кога на 125 километри од дома ти плови носач на авиони под полна опрема, само 200 километри од седиштето на НАТО во Брисел.

„Тајмс“ руската група на бродови ја нарече најсериозна демонстрација на руската сила од времето на Студената војна, додека „Телеграф“ со жалење констатирапе дека Британија нема ниту еден брод кој може да се спореди со носачот на авиони од времето на СССР. Некои медиуми „Кузњецов“ го нарекоа „стара канта“, но треба да се потсети дека една друга „канта“ (стариот добар „Сојуз“) е денес единствен начин да се испратат астронаутите во вселената. Што значи, не е важно колку е нешто старо, туку како ја завршува работата.

Руската груп на бродови, која низ Гибралтар вплови во Средоземното море, ја сочинуваат тешкиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, тешката атомска ракетна крстарица „Петар Велики“, два големи противбродски бродови „Североморск“ и „Вицеадмирал Кулаков“, како и бродови за логистика, танкерот „Сергеј Осипов“ и реморкерот-спасувач „Николај Чикер“.

На „Адмирал Кузњецов“ се наоѓаат 279. посебниот ловечки авио полк, кој е сочинет од повеќенаменскиот МИГ-29К/КУБ со широк арсенал на бомби и ракети. За заштита од воздух и налети по копнени цели се задолжени подернизираните СУ-33, а тука се и бродските ударни хеликоптери КА-52К со противтенковскиот ракетен комплес „Хермес А“ („Клевок А“).

Ова е прв ваков голем поход во состав на ударната група носачи на авиони. ТОа е вистинска „ударна тупаница“ на Моска која содржи носач на авиони, противбродски, противвоздушни и противподморнички компоненти. Службата за односи со јавност на Северната флота на Воената морнарица на Рсија соопшти дека целта на тој поход е „воено-поморско присуство во оперативно важни подрачја низ светските океани“ и борба против закани, како што се пирати и меѓународен тероризам.

Од Севастопољ во тој правец тргна и најновата фрегата на Црноморската флота „Адмирал Григоровиќ“, вооружена со ракетите „калибар“, додека Балтијск на 16-ти октомври го напушти „Адмирал Есен“ кој е неодамна влезе во состав на Балтичката флота. Тој се движи кон Црното море, но е многу можно и тој да се задржи во Средоземјето. Таа група наскоро ќе ја засили и големиот танкер на Црноморската флота „Иван Бубнов“ и реморкерот „Професор Николај Мур“. Турските портали наведуваат дека низ Босфор поминал и десантниот брод „Цезар Куников“, кој исполовил од Новосиријска. Се претпоставува дека се движи кон сириското пристаниште Тартус, наводно вооружен до заби. Нешто порано, малите ракетни бродови „Серпухов“ и „Зелен дол“ опремени со системите „Калибар НК“ влегоа во состав на постојаната оперативна група во Средозменото море. Таму веќе се наоѓаат десетина воени бродови и бродови за логистика на три руски флоти. Точниот број на руските бродови во Средоземјето го знае само руската врховна команда.

Вицеадмирал Кулаков
Вицеадмирал Кулаков

Многу е возможно дека руската флота во Средоземното море да ја штитат и неколку атомски подморници кои се наоѓаат во Атлантикот. Медиумите веќе соопштија дека на руската група бродови им се придружиле и подморници од типот „Акула“ (проект 971 „Шука Б“) како и подморница од класата „Кило“ (проект 877). Базата за подморници се наоѓа во Мурманск, на северот на Русија. Ако на тоа се додаде и постојаното присуство на руската оперативна Медитеранска ескадрила, потенцијалот на Руската воена морнарица ќе ги надмине силите на НАТО во тој стратешки важен регион.

Ракетна крстарица „Петар Велики“
Ракетна крстарица „Петар Велики“

Русија почна со формирање на Медитеранската ескадрила во март 2013 година, кога во тој регион е испратен одред бродови од Тихоокеанската флота. Сега во составот на медитеранската група на база на ротација се наоѓаат и бродови од Северната, Балтичката и Црноморската флота. Материјално-техничка поддршка за Медитеранската ескадрила се врши главно во сириското пристаниште Тартус. Во овој момент, нејзиниот состав го сочинуваат 16 бродови и три бродски хеликоптери, а со истата командува капетан 1.класа Павел Јасдницки. Главната задача на бродовите е да се штитат руските објекти во Сирија: авио-базата во Хмејмим во Латакија и пунктот за снабдување во Тартус, како и да се обезбеду слободна пловидба на руските бродови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This