(Видео)КИЛОМЕТАРСКИ ТУНЕЛИ ПОД СИРИЈА: Километри долги тунели, цели подземни болници, фабрики, живеалишта…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сириските сили продолжуваат да откриваат нови докази за врстите на оружје, системите и тактичките стратегии на исламистичките милитанти за време на нивната окупација на источна Гута


Единиците на војската кои ги „чешлаат“ селата и предградијата во подрачјето на Источна Гута пронашле болница, медицинска опрема и напредна мрежа на подземни тунели кои се напуштени од терористите кои се во бегство.

Две подземни импровизирани болници, опремени со медицинска опрема и лекови кои џихадистите ги украле од конвој со хуманитарна помош испратени во тоа подрачје, поврзани се со тунели од повеќе од 400 метри во Ербин, јавува „Сана“.

„Сана“ го цитира командантот од терен кој вели дека на листата на медицинска опрема пронајдена во подземните болници се наоѓа и компјутерски томограф, магнетна резонанца и лабараториска опрема.

Тој додава дека дел од опремата е украдена, а дел е од западно или саудиско производство.

Единиците на сириската војска открија неколку километри долг тунел кој терористите го користеле за да се прикрадат на стражите на регуларната војска во Хасрати, град неколку километри подалеку од Дамаск.

Воените инженери деминирале голем број на експлозивни направи и мини кои терористите ги поставиле за време на бегството.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This