(Видео)КИНА СО ЖЕЛЕЗНИЦА ГО СПОИ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ: Пуштена во употреба најдолгата железничка брза пруга во Кина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Кина е пуштена во функција една од надолгите брзи пруги на светот, поврзувајќи го просперитетниот источен брег на земјата со помалку развиениот југозапад, соопштува државната агенција „Синхуа“.

kina_pruga

Пругата Шангај-Кунминг едолга 2.264 километри, поминува низ пет провинции: Џечанг, Ѓијангси, Хунан, Гујџоу и Јунан. На овој начин се намалува времето за патување од Шангај до главниот град на југозапдната кинеска провинција Јунан-Кунминга од 34 часа на 11 часа.

Машиновозачот Ванг Ѓинда вели дека возовите можат да патуваат со брзина од 330 километри на час.
Во Кина во 2012 година почна да работи уште една брза пруга, долга 2.298 километри, од Пегинг до Гуангџоуа, која го поврзува северот и југот на земјата. Најнаселената земја на светот има 20.000 километри брзи пруги, а се очекува тој број до 2030 да се зголеми на 45.000 километри.

Пекинг исто така активно развива сопствена технологија на брзи возови. Во текот на летото е поставен нов брзински рекорд, кога воз за време на тест постигна брзина од 840 километри на час. Истовремено двата тестирани возови го докажаа високиот квалитет на кинеската технологија. Возовите се наречени „Златн Феникс“ и „Делфинска глава“.

Кина неодамна ги претстави плановите за изградба на најдлабоката и најголемата железничка станица на светот за брзи возови во рамки на припремиет за одржувањето на зимските Олимписки игри во 2022 година.

Станицата ќе биде изградена непосредно под Бадалинга, најпосетениот дел од Кинескиот ѕид, кој привлекува десетици илијади посетители дневно. Трокатната метро-станица ќе се наоѓа долж пругата која во моментот се гради, а која ќе ги поврзува градовите Пекинг и Жангчијаку. Пругата ќе се простира долж 174 километри и се очекува да биде завршена до 2019 година.


Кина исто така развива и ноа генерација на возови кои ќе можат да развијат брзина од 400 километри на час за ќелезничката линија на руски брзи пруги на релација Москва-Казањ. Пекинг планира да овозможи шест милијарди долари кредит за пат кој во иднина би можел да стане дел од железницата вредна 100 милијарди долари, а која ќе ги поврзува двете земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This