(Видео)КОМИТИТЕ БАРААТ ПРАВДА, ИЛИ ЌЕ СЕ РАДИКАЛИЗИРААТ: Се обрати и таткото на Никола Саздовски, побара мирни и достоинствени протести!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заврши протестниот марш на „Комити“ во чест на прерано згаснатиот живот на нивниот соборец Никола Саздовски, кој беше брутално претепан додека чекал автобус во населбата Автокоманда

 

„Комитите“ бараа правда за Саздо, потсетувајќи дека секој човечки живот, сечие дете, па и она на полицијата која со кордони се обидуваше да ги блокира се под опасност да ги снајде истата судбина.

Бараа од полицијата почесто да „покажува сила“ во Чаир, на Битпазар и Јајапаша, наместо силата да ја употребуваат само онаму каде протестираат тие или друг мирен народ.

Побараа и јавното обвинителство итно да ја промени правната класификација за делото од „насилство“ во „убиство“, инаку ветија радикализирање на протестите. Побараа МВР да работи неселективно и да ги спроведува законите во целост, но и да ги заштити нив како навивачка група наместо да ги гони.

На протестот се обрати и таткото на Никола Саздовски, кој им се заблагодари на другарите на неговиот син кои бараат правда. Ги замоли на мирен и достоинствен протест, без насилство, како што рече, да видат дека Никола не бил дел од некоја банда туку на група со вистински идеали и патриоти.

Се обрати и отецот Ивица кој кажа молитва во чест на Никола Саздовски, по што беа запалени свеќи на мостот пред ЈО, и МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This