April 26, 2024, 11:24 am

(Видео)КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА БРКАЊЕТО НА ЌАХИЛ ОД ВЛАДА: Министерот кој со пиштол одземал странска фирма во Македонија ќе биде разрешен?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот без ресор во владата на Заев најверојатно ќе биде исклучен, откако од неговата партија ТХП му беше одземено неговото и членството на неговото семејство


-Одлуката за исклучување на Ќахил од партијата е донесена согласно статутот. Слободно нека ме тужи, да ја докажеме правдата на суд. За Ќахил има неколку афери, но не сакам јас да зборувам за тоа. Има институции што треба да ги расчистат тие случаи, вели Ибрахим.

Според него, приврзаници на Ќахил на 13 септември упаднале во градската организација на ТХП во Скопје. Како што на 27 април насилниците упаднаа во парламентот, вели, тако беше и упадот во скопската организација на партијата. Следниот ден, според Ибрахим, сличен упад имало и во општинската организација на ТХП во Кичево. На 15 септермври, објаснува, во партијата била поведена дисциплинска постапка за двата упади, а веќе следниот ден – на предреферендумскиот митинг на „референдумската коалиција“ пред седиштето на ЕУ-инфо центарот во Скопје, приврзаници на Ќахил, со закани и уцени, нападнале член на извршниот одбор на ТХП.

Ибрахим информира дека за настаните е информиран премиерот Зоран Заев и дека е доставено официјално барање до него за разрешување на Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Очекуваме, вели, веќе на наредната владина седница тој да биде разрешен од министер.

Аднан Ќахил, пред две недели во емисија во живо беше обвинет од гледач кој сведочеше дека токму Ќахил, под закана со пиштол превземал странска фирма која инвестирала во Македонија, а за тоа бил запознаен и Заев но и амбасадите во Македонија.

„Во новата влада на господинот Зоран Заев има поставени министри и министри без ресор, кои на еден академски граѓани, ќе ви кажам име и презиме ако треба, има доведено инвеститор од надвор, има отворено фирма и под присила со оружје му ја имаат земено фирмата без никаков надоместок. Фирмата се вика ‘Манора’ – се работи за министерот без ресор Аднан Ќахил. Слободно, слободно…запишете да проверите, да видите сами. Подигнато е на многу високо ниво па ќе видиме државата што ќе направи со овој случај“ – рече гледачот во живо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This