(Видео)КОЈ НАВИСТИНА Е ПОДОБАР: Трофејниот американски „Хамер“ или советскиот „УАЗ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарните автомобили се натпреваруваа на подрачјето на Донбас.

Љубителите на екстремни експерименти од каналот WarGonzo го организираа натпреварувањето и подоцна го објавија на „Јутјуб“.

Како што се наведува во текстот што го пренесува порталот на весникот „Росијскаја газета“, домашниот производител на автомобили го претстави УАЗ-31512 своевремено модифициран во класичниот модел 469. Мостовите на теренецот беа „воени“ со редуктори на краевите, а моторот јапонски, турбодизел со запремнина од 2,7 литри.

На овој автомобил конкурент му беше „Хамер“ (Hummer) од 1992 година, модел, како што рече неговиот сопственик, редок и за американската воена техника. Се работи за пикап со две врати и мотор со запремнина од 6,2 литри кој развива 150 коњски сили.

На почетокот на тестирањето беше планирано да се провери митот дали автомобилите на УАЗ можат да одат по шини бидејќи според габаритите се предвидени за тоа. И навистина, теренецот ја исполни задачата без поголеми потешкотии, иако се движеше бавно.

„Хамерот“ од друга страна беше поширок од шините, па се тетеравеше по железничките прагови. Иако со големи напори Американецот и на тој начин, дијагонално, го помина патот.

Двата автомобила го совладаа калливиот терен без поголеми потешкотии.

А потоа се случи нешто непредвидено. „Хамерот“ заглави во пролетниот снег. И во моментот кога се чинеше дека е дојден вистинскиот момент за УАЗ да ја покаже целата своја супериорност, се покажа дека тој нема доволно тежина и сила да го извлече „Хамерот“.

Судиите на крајот на експериментот не прогласија победник, резултатот беше нерешен или поточно победи „мајката земја“, пишува „Росијскаја газета“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This