April 25, 2024, 10:28 am

(Видео)КРИМИНАЛЕЦ ГИ ТЕПА И НЕМА КОЈ ДА ИМ ПОМОГНЕ: Амнестиран криминалец близок до власта ми го тероризира семејството!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Не знам како е можно да се амнестираат свирепи криминалци кои се шетаат по улица и тероризираат“, вака го почнува своето потресно сведоштво за терор врз нејзиното семејство скопјанката Наташа Павловска.

Банална расправија околу скршена саксија предизвикала инцидент во понеделникот во скопската населба Таор. Лице кое било амнестирано и пуштено од затвор ја нападнало Наташа Павловска заедно со нејзиниот брат кој бил претепан и со тешки телесни повреди завршил во болница.

Човекот кој ги нападнал се вика Александар Димовски со прекар Пампур, а како што раскажува таа, во моментов се случува местенка за во полиција да биде прикажано дека всушност таа и брат и биле напаѓачите.

-На мојот брат му беше скршен вратот, му беше пукната аркадата и му беа искршени заби. Полицијата не презема ништо, ние сме тероризирани, целата фамилија, мојот постар брат, мајка ми, снаата и три-месечното бебе. Братот на Пампур, Валентин со секира ги држеше во заложништво моите родители. Кога дошла полицијата не го привела и него иако тој со секира држеше луѓе во заложништво – раскажува Павловска пред камерата на Лидер.

Таа вели дека лицето кое го териризира нејзиното семејство е всушност со конекции со власта и затоа никој не му може ништо.

-Тој е амнестиран, пуштен е на слобода и како што кажува самиот близок е со власта. Поради него моите родители се плашат во куќата да си одат, не живеат во својот дом. Се прашуваме зошто полицијата ги штити овие луѓе? Тие се во игра со полицијата и оваа власт, тоа е очигледно. Претходно тој немаше ваква сила, овие работи ги прави затоа што доби сила откако дојде оваа власт. Мене ме убедуваа дека го однеле во Идризово но тој пак се шета на слобода. – вели Павловска.

Павловска додава дека овие лица правеле и лажни извештаи од лекар за да прикажат дека наводно нивниот татко бил нападнат од нејзиниот татко. Но како што таа вели всушност „се поткупувале лекари“.

-Доколку полицијата продолжи да ги штити овие криминалци, правдата ќе си ја бараме и на суд. Нека преземат нешто за да не излезе работата голема и да не се случат увиства. – порачува скопјанката Павловска.

Таа додава дека лицето кое го тероризира нејзиното семејство, неколкупати и пишувало и кажувало дека никој не му може ништо и дека тој е власт во Македонија.

Инаку помеѓу Павловска и лицата кои го напаѓаат нејзиното семејство постои и роднинска конекција, тие неа и се братучеди па се сомнева и дека спорот околу имот е една од причините поради кои навистина се случил нападот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This